Како да станеш богат во Јапонија: Продај две дињи за 11.000 евра!

Пар првокласни дињи биле продадени за 1,5 милиони јени, односно 12,400 долари, на една аукција во Јапонија.

Првите Јубари дињи кои оваа година биле понудени на аукција на пазарот во Сапоро на северот на Хокаидо, ги купил локален трговец со овошје, пренесува AFP повикувајќи се на локалните власти.



Цената која ја платил - за која може да се купи нов автомобил во Јапонија - не е ни блиску до рекордот од 2,5 милиони јени, колку што минатата година било платено ова овошје. Високите цени се норма на првите аукции во сезоната, и одраз на желбите на купувачите за престиж. Јубари дињите се статусен симбол во Јапонија - како и доброто вино - и многу луѓе ги купуваат како поклон за колеги и пријатели. Јубари дињите со најдобар квалитет се совршено округли со мазна кора.



Иако цените кои ги достигнуваат на аукциите се високи, дињите не се единствено скапо овошје во Јапонија. Едно јаболко од супермаркет може да чини повеќе од три долари, а кутија со 20 цреши може да се продаде за повеќе од 100 долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О