Трансформација на Колин Фарел: 18 килограми за осум недели

Во октомври годинава публиката во кино салите ќе може да го проследи филмот „The Lobster“ кој има навистина необична приказна. Во овој филм луѓето што не се во врска мора да пронајдат партнер во рок од 45 дена, а доколку не го сторат тоа ги трансформираат во животни. Една од главните улоги во него ја толкува Колин Фарел (38) кој мораше да го промени изгледот, односно да качи поголем број килограми, а тоа го извел за околу осум недели.

Колин Фарел на снимањето на „The Lobster“

За да го добие потребниот изглед за улогата тој требало да се здебели, па така качил околу 18 килограми. За да го зголеми дневното количество на калории јадел храна како што се пица и чизбургери, а за појадок покрај останатото консумирал две парчиња чоколадна торта.

Во интервју за The Hollywood Reporter, Колин изјави дека кога ги видел сцените во филмот, самиот едвај се препознал.

„Заборавив како изгледав“ – вели тој.

Инаку, „The Lobster“ беше прикажан на Канскиот филмски фестивал каде е во конкуренција за главната награда. Во овој филм покрај Фарел се појавува Рејчел Вајс. Актерите се појавија на црвениот тепих на фестивалот и на фотографиите е видливо дека Колин се вратил повторно во топ форма по толкувањето на оваа улога.



Актерот воедно доби пофалби за модниот избор, односно сивиот костум на Dolce & Gabbana што го носеше на средбата со новинарите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О