99-годишниот милијардер Дејвид Рокфеaлер, еден од најбогатите луѓе во светот, успешно ја извршил шестата трансплантација на срце во последните 38 години, што значи дека, заедно со неговото, сега го троши седмото срце.
Операцијата на пресадувањето, на која шест часа работел тим од врвни приватни хирурзи на главниот имот на Рокфелер во Покантико хилс во Њујорк, изгледа дека не го заморила многу славниот богаташ, познат по својата динамичност.
Кога во 1976-тата година за прв пат му било пресадено срце по тешката сообраќајна несреќа, Рокфелер по една седмица бил на џогинг. Сега му биле потребни само 36 часа за да ги прими новинарите.
"Секогаш кога добивам ново срце, тоа е како животот да ми минува низ телото. Се чувствувам обновено и живо", рекол Рокфелер за новинарите. На прашањето која е тајната на неговата долговечност, Рокфелер објаснил дека едноставниот живот е вистинска работа.
"Луѓето често ме прашуваат, а јас им одговарам исто: Сакајте го животот. Живејте едноставно, играјте си со децата, уживајте во тоа што го имате, минувајте време со добри пријатели", одговорил Рокфелер со насмевка.
"Во животот заработив многу пари, но повеќето ги поклонив. Нема цел доколку не ги поделите парите кои ги имате", го објаснил тој својот поглед на светот.
На Рокфелер два пати му биле пресадувани и бубрези, но тој е полн со оптимизам и се надева дека ќе живее повеќе од 200 години.