Телото испраќа пораки, послушајте ги. Недостатокот на витамини може да доведе до сериозен пад на имунитетот.
Кога нешто му недостасува, телото неретко се обидува да прати знаци за тие недостатоци. Важно е да се забележат на време и да знаете како да си помогнете пред да биде доцна и да се разболите.
Недостатокот на витамини во телото најчесто се одразува во неколку симптоми кои лесно можеме да ги препознаеме доколку обратиме внимание. Покрај најчестите симптоми донесуваме и начини како да пристапите.
1. Пукнатини на рабовите на уснитe
Имате недостаток од железо, цинк и витамини од групата В.
Решение: јадете повеќе пилешко и мисиркино месо, туна, јајца, блитва, кикирики и мешункаст зеленчук.
2. Црвена иритрација на лицето која се лишаи или опаѓање на косата
Ви недостига биотин
Решение: Јадете тврдо варени јајца, лосос, авокадо, печурки, соја, јаткасти плодови, банани.
3. Црвени или бели израстоци кои личат на акни (на образите, рацете)
Ви недостигаат есенцијални масни киселини и витамини А и D.
Решение: Зголемете го внесот на здрави масти, јадете повеќе јаткасти плодови и семе од лен. Важно е да внесувате и лиснат зеленчук, но и пиперка и морков за витамин А. Зголемете го внесот на млечни производи.
4. Трнење на рацете, стапала и други делови на телото или пецкање
Ви недостигаат витамини В, фолна киселина, В6 и В12.
Решение: Јадете спанаќ, цвекло, сите видови на грав, јајца.
5. Грчеви во мускулите, остра болка
Ви недостигаат магнезиум, калциум и калиум.
Решение: Јадете банани, бадеми, лешници, цреши, јаболки.