Градоначалникот на Куманово за НОВА вели дека утрово во градот, помеѓу 6.30 и 7.30 се слушале кратки рафали и детонации, но сега веќе е мирно. Тој најави дека оди во тој дел од градот, да се информира за состојбата.
Синоќа, министерката Гордана Јанкуловска објави дека пет полицајци загинаа , а над 30 припадници на полициските сили се повредени во вчерашната акцијата во Куманово.
Загинаале Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница, роден 1981 година, Ненад Серафимовски, од гостиварско Зубовце роден 1987 и Сашо Самоиловски од Тетово, роден 1982, како и уште двајца чии семејства во моментот ќе бидат известени. Јанкуловска додаде дека во МВР немаат информација за загинати цивили.