По рецептот на баба: Печен компир кој ќе ве воодушеви

Немате идеја како да го подготвите компирот? Тогаш искористете го овој рецепт од нашите баби, кој со сигурност нема да ве остави рамнодушни.

po-receptot-na-baba-pecen-kompir-koj-kje-ve-voodusevi-1
Печениот компир е далеку поздрав од пржениот, затоа овој сладок компир кој се топи во устата ќе ви стане новиот омилен рецепт:

Потребни состојки:

1kg компир (најдобро би било доколку е млад)
1 супена лажица сол
2l вода
50ml масло

Начин на подготовка:

1. Излупете ги компирите, а потоа измијте ги и исечкајте ги на четвртини и ставете ги во тенџерче со 2l ладна вода да зовријат, па додајте ја солта.

2. Вклучете ја рерната на 160 степени и во неа ставете ја тавата со масло да се загрее. Целата тајна се состои во загревањето на тавата со масло, а потоа почекајте додека да зоврие водата во тенџерчето со компирите. Откако ќе се појави бела пена во тенџерчето, исцедете ги компирите и ставете ги во тавата. Со помош на лажица за готвење добро измешајте го компирот за од сите страни да биде обложен со масло.

3. Компирот вратете го рерна и печете на 160 степени додека да зарумени, а повремено мешајте го.

4. Послужете со салата по желба и уживајте во новиот вкус.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О