Студентски пленум на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа како специјалци влегуваат во читалната на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и насилно извлекуваат студенти под сомнение дека се демонстранти, бидејќи според полицијата „никој не спрема испит во 11 навечер“.
– Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето! – се вели во краткото соопштение на Студентскиот пленум.
Според неофицијални информации повредени се неколку студенти.