Чави на прес конференција во четвртокот, потврди дека по 24 години го напушта клубот и дека во наредните три години ќе игра во катарскиот Ал Сад.
На „Камп Ноу“ беше развиен огромен транспарент на кој пишуваше: „Ти благодариме Чави“.
Чави со Барселона освои 25 трофеи и е еден од ретките фудбалери кои ги освоиле сите значајни трофеи во фудбалот. Тој со Барса сезонава има можност да освои уште два трофеи во националниот Куп и во Лигата на шампионите.
За Барселона Чави одигра преку 750 натпревари, три пати беше клупски првак на Европа, а со Шпанија освои две европки и една светска титула.