(ВИДЕО) Иванов се пожали на партнерските безбедносни служби

По двочасовната средба на Советот на безбедност, претседателот Ѓорѓе Иванов, изјави дека во ниту еден момент не била потценета можноста на терористичка група да изврши терористичкки напад. Тој вели дека во почетокот на 2015, писмено ги информирал партнерските служби со цел да се изврши превенција, но размената на информации не дала резултат.

-Во изминатиот период имав безбедносни консултации на редовна и вонредна основа за намерата на оваа група, при што беше констатирано дека нема поддршка ниту во Република Македонија ниту во регионот. Знаевме дека групата е сочинета од екстремно криминални поединци со исклучително воено искуство и вештини, во ниеден момент на ниеден начин не ги поценивме ниту можноста, ниту капацитети на оваа група да извршат терористички напади. Затоа беше со толкав обем и акцијата за нивно неутрализирање. Затоа плативме висока цена со високи...За оваа група во почетокот во 2015 писмено ги информиравме 17 партнерски служби од земјите од Европската Унија и НАТО, како и земјите во регионот. Можам да констатирам дека размената на информации со цел да се изврши превенција, не даде резултат, рече Иванов.

Иванов вели дека за вакви ситуации предупредил и во своето обраќање во Обединетите Нации и ја повика меѓународната заедница, ЕУ и НАТО да изнајдат решенија за деблокада за членство на Македонија, бидејќи ваквата состојба е ризична, како за земјата, така и за регионот.


Иванов кажа дека за пофалба е присуството на лидерите на политичките партии и нивни претставници на средбата на советот на безбедност и повика политичарите да пристапат кон дијалог и да се однесуваат одговорно и да бидат на висина на очекувањата на граѓаните. Побара поддршка и од меѓународната заедница.

-Ќе биде потребна и поддршката од меѓународната заедница. Со години ги предупредувам дека статус-кво ситуацијата во евроатланските интеграции ни создаваат фрустрации во политичкиот и етничкиот живот и не прават ранливи и подложни на обиди за дестабилизација. Барам од меѓународната заедница, од Евроспаката Унија и НATO, со најголема сериозност да се ангажираат и да најдат начин да ги деблокираат европатланските интеграции за доброто на Република Македонија и целиот регион.

Иванов повика сите граѓани да останат смирени после овој критичен момент за државата.
Состанокот на Советот на безбедностт траеше два часа. Присутни беа премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за надворешни Никола Поповски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека лидерите на ДУИ и ДПА испратија претсавници- на местото на Али Ахмети присутен беше Талат Џафери и на местото на Мендух Тачи, Имер Aлиу.

Присутни беа и членовите на Советот за безбедност Вели Краци, Флора Кадриу и Насер Сејдини.

Средбата започна со едноминутно молчење за загинатите 8 припадници на специјалните полициски единици во дводневната акција во Куманово, во која беше разбиена терористичка група, чија намера според надлежните била дестабилизација на земјата.

Пред почетокот на состанокот Заев даде изјава за медиумите- со објаснување дека е присутен за да побара објаснување кој и зошто ја дестабилизира Македонија, дали кризата во Куманово е завршена, дали е точно дека има вакви групи во други региони и дали државните органи имаат план и стратегија за смирување на состојбите и спречување на ескалација.

Присуството не значи дека СДСМ дава легитимитет на политиката на Владата, тука сум исклучиво поради загриженост за безбедноста во државата, рече Заев.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О