Во Стразбур договорени четири нови кампови во центарот на Скопје

Веста е измислена, сатирична превземена од КозаНостра.

Политичкиот дијалог на власта и опозицијата во Стразбур очигледно дава резултати. Премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев договориле отворање на четири нови кампови во центарот на градот – по еден пред седиштата на двете партии и два на локации кои допрва треба да се утврдат. Како што е договорено, првите два кампа ќе ги отвори СДСМ, а следните два ќе бидат отворени ден подоцна и ќе бидат од типот контракамп.

– Скопје се повеќе станува атрактивно за странските кампери. Освен туристи од таканаречените странски служби, очекуваме наскоро да дојдат и други странски туристи и да се сместат во некои од нашите кампови. Ние искрено ги препорачуваме контракамповите бидејќи се подобро опремени, да не речам во нив има и од пиле млеко, а посебна убавина во овој тип кампови е што тие немаат никаква политичка агенда, така што останува многу време за слободни активности – изјави Груевски по средбата.


Заев од своја страна најави дека покрај кампот Владиште, наскоро на Водно ќе го отворат и кампот Вилиште. Пред Вилата на Хорхе ќе се постави камп со вистински еко-услови. Кампот е предвиден претежно за возрасни туристи кои сакаат апсолутна тишина и медитација. За суеверните ќе имаме камп пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Според легендите секој кој ќе ги допре златните статуи поставени во седиштето ќе го следи бизнис-среќа во кариерата и има големи шанси да отвори оф-шор фирма во Белизе – вели Заев.

ЕУ го поздрави отворањето кампови и најави многу туристи од Унијата во наредните неколку месеци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О