Изворот настојуваше на анонимност!
Потресено и со жолт изглед на лицето еден од припадниците на „Тигри“кој што во Куманово водеше вистинска војна, анонимно ни пренесе неколку информации за тоа што се случуваше навистина во Куманово. Блогот СЕГА во овој пост не пренесува никакви дезинформации, се што е напишано е вистина и (го прераскажуваме) истото што ни го кажа еден припадник од „Тигри“.
Како вистински хорор биле случувањата тој ден во Куманово според еден од припадниците на специјалната единица „Тигри“.
Тој вели дека ги испратиле на терен сосема неспремни и со несоодветно оружје, додека 'терористите' имале секакво оружје кое било посилно од нивното. Дури некои од македонската полиција и специјалните единици имале само пиштол, што воопшто не е соодветно оружје за таква задача - вели тој.
Пријателот кој пред некој месец пристигна во специјалната единица „Тигри“ и беше млад, пред моите очи умираше. Терористите беа премногу спремни и пукаа од сите страни - додава.
Еден од терористите кој беше уапсен и го видов на телевизија го препознав, беше истиот што тој ден се бореше против сите нас - вели припадникот на „Тигри“.
Засега имаме само толку информации и изјава од лицата што биле на местото на инцидентот, во наскоро време ќе побараме нови информации и ќе бидат објавени. Повторуваме: Во овој пост не пренесуваме никакви дезинформации, се што е напишано е вистина и (го прераскажуваме) истото што ни го кажа еден припадник од „Тигри“ ќе се обидеме да го пренесеме.Секакво копирање или пренесување на истово ќе треба одобрување од наша страна.