Грабежот на векот во Британија го извеле пензионери

Грабежот на векот во Британија го извеле група средовечни мажи и дедовци, меѓу кои најстариот има 76 години. Како што покажува истрагата во случајот со грабежот на Хатон Гарден кога од трезорот за време на велигденските празници беа украдени околу 200 милиони фунти, зад него стојат девет мажи од кои најстариот има 76, а најмладиот 43 години.



Покрај нив двајца, кои наводно имаат салон за поволни автомобили, полицијата привела уште седум други мажи на возраст од 48 до 74 години, пишува Independent. Во истрагата учествуваа дури 200 полицајци од Скотланд Јард.

Грабежот во Хатон Гарден, освен по висината на пленот, е специфичен и по начинот на кој е изведен. Во текот на празниците, крадците влегле во трезорот, каде поминале четири дена постојано вадејќи вредни предмети и пари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О