Зад проектот стојат информатичарите Кором Томсон и Сантош Баласубраманиан кои работат во Microsoft. Тие велат дека го стартувале како презентација за девелоперската конференција на Microsoft - Build2015, на која сакале да покажат како може лесно да се прават интелигентни апликации со Azure сервисите. Тие го искористите новиот Face detection API и ја создале страницата која од фотографијата може да го познае полот и да ја претпостави возраста.
Првично пратиле мејлови до неколку стотици колеги и очекувале дека барем 50-тина ќе го пробаат сервисот. Сепак приказната набргу се проширила и стигнала до многу повеќе корисници. Креаторите објаснуваат дека страницата не ги зачувува фотографиите и дека може да се тестира целосно анонимно.
Веќе сигурно видовте вакви фотографии на социјалните мрежи, а голем дел од нив се под хаштагот #HowOldRobot.
Сервисот можете да го тестирате на следниот линк How-old.net, а на сајтот можете да откриете и повеќе детали за тоа како функционира системот.