Безмилосно: Четири дечиња го изгубија животот во нападот врз нивното училиште!

Според зборовите на шефот на оваа опсерваторија, Рамиј Абдел Рахаман, учениците играле во училишниот двор кога ги погодила бомбата.

"Во експлозијата на бомбата која го погоди училиштето во сирискиот град Алеп, починале најмалку седум цивили, помеѓу кои четири ученици и еден наставник", соопштила невладината организација Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според зборовите на шефот на оваа опсерваторија, Рамиј Абдел Рахаман, учениците играле во училишниот двор кога ги погодила бомбата.

Училиштето се наоѓа во населбата која ја контролираат и владата и опозицијата, пренесува AFP.


Дечињата пристигнаа да полагаат тест токму во ова училиште, од страв дека училиштето во коешто инаку одат ќе биде мета на напад, изјави Абдел Рахаман.

Училиштето го погодила бомба направена од стар контејнер или буре наполнети со експлозив кое најчесто се фрла од хеликоптер.

Минатиот месец, најмалку 100 училишта во Алеп беа привремено затворени бидејќи во воздушните напади на сириската акција загинаа пет дечиња и тројца наставници.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О