Поради зголемениот ризик од тероризам, на српската граница се наоѓаат полициски сили од Србија.
Македонските полицајци се повлекле после немирите во Куманово. Срспкиот МУП брзо реагираше, на граничните премини прати полициски и војни сили.
Премиерот на Србија Александар Вучиќ закажа за утре во 13 часот вонредна седница во Бирото за координација на службите за безбедност поради ситуација во Македонија.
Како што јавуваат во медиуми, во утринската акција на македонската полиција против вооружана група во Куманово загинале три полицајци, а повеќе се повредени.
Во Куманово забрането е на сите медиуми да снимаат или да приоѓаат, па затоа на телевизијата Алсат им ја одзеле камерата и им се заканувале.