Кафе за подобар секс

Кафето во безброј наврати се покажа како пијалак со супермоќи. Најново во низата на проблеми што ги решава: проблеми во кревет.














Освен што го намалува ризикот од мултиплекс склероза, меланоми и дегенерација на ретините, сега се покажа и дека влијае врз ерекцијата кај мажите. Истражување објавено во Plos One од научници од здравствено-научниот центар во Тексас, открило дека мажите кои пијат повеќе кофеински пијалаци (биле испитувани ефектите од кафе, чај, сок и спортски пијалаци), имале помали шанси да бидат импотентни за разлика од оние кои пиеле малку или воопшто не пиеле. 

Резултатите добиени по анкетирање на 3.724 мажи биле следниве: две до три шолји кафе на ден се совршената комбинација за помагање со импотенцијата. 

Па како точно кафето го решава овој проблем? Научниците мислат дека кофеинот го зголемува протокот на крв до пенисот со тоа што опушта одредени артерии и мускули во тој регион.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О