„Целта ни е да го промениме начинот на кој ја употребуваме енергијата. Овие батерии се целосно еколошки и не емитуваат гасови со ефектот на стаклена градина“, изјави Маск.
Батериите од седум и десет киловат часови можат да бидат од голема помош доколку снема струја, но и во места каде не се наоѓаат мрежи за снабдување со електрична енергија. Со нивна помош ќе можат да се полнат автомобилските акумулатори, пренесува Business Insider.
Според Маск, со 160 милиони батерии од овој вид може да се снабдуваат САД, а со две милијарди целиот свет.
Батериите во продажба ќе се најдат кон крајот на летото, а први ќе можат да ги употребуваат Американците и Германците.