Секси хороскоп: Кои 5 жени се најжешки во кревет?

Мажи, ако сакате жежок секс, а се прашувате дали некоја жена може да ви ги задоволи желбите, тогаш време е да откриете во кој хороскопски знак е родена.


Жени, вие пак, веруваме дека си ги знаете способностите, но никогаш не е на одмет мала пофалба. Затоа, проверете дали ќе се пронајдете на листата.

Ова се 5-те жени кои нудат најжежок секс:

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само до најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е - знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што е опкружена со многу машки „пријатели.“

Скорпија

Ова е жена која очигледно поседува вишок физичка енергија, па постојано прави нешто ново во креветот. Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инатлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.


Стрелец

Таа е неконвенционална жена која во животот се смета за рамна со мажите, па затоа нема срам да иницира секс. Но, под целиот огнен темперамент се крие романтична душа. Додека не се појави вистинскиот подготвена е да ризикува и да се впушта во секс авантури. Креветот не ја привлекува нешто посебно, туку сака секс под отворено небо. Мажите ја сакаат затоа што е без предрасуди. Ако легнете со жена Стрелец, очекувајте многу лекции за тоа што жените сакаат и што им треба.

Водолија

Слободно може да очекувате експлозивен секс и романтично мазење во едно. Жената Водолија е непредвидлива дури и во најдобрите прилики, никогаш не знаете дали ќе прифати секс или не. Во главно бира мажи кои живеат 300 на саат и адреналинот за нив е идеална предигра. Кај неа желбата за секс се појавува во моментот и ако не и ја реализирате тука и сега, после ќе ви биде касно. Способна е да пружи повеќе оргазми одеднаш.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О