Alfa Romeo: Претставен новиот модел Giulia (фото)

Alfa Romeo официјално го претстави наследникот на моделот 159 кој ќе ја носи ознаката Giulia оддавајќи почит кон истоимениот легендарен модел кој се произведуваше од 60-тите до 70-тите години на минатиот век.



Автомобилот веќе почна да добива пофалби, а влегува како конкуренција за елитната средна класа во која доминираат BMW 3, Audi A4, Mercedes C.

Италијанската компанија на промоцијата го претстави најсилниот модел Giulia Quadrifoglio, а новата „алфа“ доаѓа со агресивни детали на надворешноста како отворите за вентилација и спојлерите.



Alfa Romeo не објави фотографии од внатрешноста, но нагласуваат дека купувачите можат да очекуваат врвна комбинација на најквалитетна кожа, дрво и детали од јаглеродни влакна.



Најсилниот модел Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ќе има 3.0 литарски бензински турбо-мотор со 6 цилиндри кој развива 510 коњски сили, а е развиен во Ferrari. Забрзувањето од 0-100 е за 3,9 секунди, а силата се пренесува на задната оска иако купувачите ќе можат да изберат и погон на сите четири тркала.



Сепак сите детали за перформансите се уште не се откриени, но веќе се знае дека Giulia ќе има идеален баланс на тежината од 50:50 меѓу оските, како и каросериски детали кои се изработени од јаглеродни влакна. Компанијата нагласи и дека новиот седан ќе има најдобар управувачки систем од сите конкурентски автомобили на пазарот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О