Кавита Кумари (15) од Индија, јадела влакна во изминатата година. Нејзината зависност во почетокот не била толку драматична додека ја јадела сопствената коса, но потоа почнала да бара влакна насекаде и да ги јаде. Дури и на другарките во училиште им ги кубела косите и ги јадела влакната.
Во меѓувреме изгубила интерес за храна, па така ја хранеле на сила а се жалела на болки во стомакот и на замор.
Доктор Бахадур Сидарт рекол дека не очекувал дека снопот влакна ќе биде толку долг и дека прв пат во својата долгогодишна кариера се сретнува со нешто вакво. Откриле дека Кавита има Златокоса синдром, кој е од психолошка природа и затоа имала потреба да јаде влакна.