Ахир, Сулејман и Абит се патници без багаж, а единственото нешто што им останало додека изгубени шетаат низ железничката станица во Рим, се надежта лузните и по некоја сокриена пара.
Момчињата од северот на Судан, африканска земја измачена од војна и сиромаштија, се само тројца од повеќе од 50.000 илегални доселеници, кои оваа години пристигнале на италијанскиот брег.
Не се знае точниот број на мигранти
Никој не знае колку точни мигранти се наоѓаат во Италија, бидејќи многумина пристигнуваат незабележани со чамци. "Морето на смртта", кое ги разделува Африка и Европа, овие луѓе нема никогаш да го заборават. Со околу 400 сопатници пловеле три дена низ брановите од Либија до непознато место Италија, чие име ни самите не го знаат.
"Некои го повикуваат Бог, некои се молат во себе, некои со разговор се обидуваат да го надминат стравот, а некои само молчат", изјавил за Hina 30-годишниот Абит.
"Чамецот се лулаше, а ние ги заборавивме сите упатства кои ни ги даде мојот брат" додава Абит. Неговиот брат пред една година успеал да дојде до Париз, и сега и тие се обидуваат да тргнат по неговите стапи.
Имаат само број на телефон на кој мора да се јават. 22-годишниот Тахир купил картичка за мобилен телефон, и од џебот извадил стара "Nokia" со скршен екран.
Три години од Дарфур до Рим
Патот до главниот град на Франција не ги загрижува, бидејќи велат, најлошото поминало. Во 2012. година тргнале од Дарфур, судански регион уништен од долгогодишна војна, каде бунтовниците ја обвинуваат централната влада за репресија над жителите. Но, вистинските проблеми ги дочекале кога влегле во соседната Либија.
"Таму е вистински хаос. Со земјата владеат вооружени банди кои крадат, убиваат и тепаат", вели 32-годишниот Сулејман, кој има лузна над левото око. Во граѓанската војна во 2011. година бил убиен долгогодишниот либиски лидер Моамер Гадафи, а судирите меѓу спротивставените групи не сопираат.
"Сакавме да побегнеме од таму по секоја цена", истакнал Сулејман

За илегално да минат преку Средоземно море платиле по 2.000 евра
Во либискиот метеж останале три години. Работеле на едно градилиште, чекајќи погоден момент за бегство од таа земја.
Илегалниот премин преку Средоземното море ги чинел по 2.000 евра. "Патот го организираше една либиска група, а капетанот беше од Тунис", рекол Сулејман.
Во Рим ги преземале двајца Африканци, кои им објасниле како да дојдат до Париз. Одбиле да земат по 10 евра за храна.
Франција во четвртокот ја затворила границата со Италија, за да спречи нов миграциски бран. Италијанскиот премиер Матео Ренци во понеделникот го критикувал однесувањето на француските власти, потсетувајќи дека неговата земја најмногу го чувствува притисокот на мигрантите.
Жителите се навикнати на мигрантите
Во хостелите има вистинска инвазија од илегални гости, а првото прашање на рецепционерите е поврзано со документите. "Се плашиме од полициските казни. Доколку не фатат дека имаме гости без документи, веднаш не казнуваат", рекол Закир Хусеин, сопственик на хостелот "Discovery" еден од најевтините во градот, каде една ноќ чини околу 25 евра.
Еден од неговите вработени нагласил дека пред три години платиле казна од 25.000 евра, бидејќи ги фатиле дека примаат илегалци.
Некои од нив спијат во картонски кутии пред железничката станица, бидејќи чекалните се затворени до утрото. Сепак, жителите веќе се навикнати.
Италијанската влада, благодарение на помошта од ЕУ, дава 30 евра на ден на оној кој ќе прими и регистрира мигранти, бидејќи камповите се преполни.
Во местото Марино, покрај Рим, еден претприемач одлучил да прими 90 мигранти, за дневно да добива 2.700 евра, а дел од 42.000. жители организираат протести против мигрантите.
"Во нивно присуство локалните жители се чувствуваат непријатно. Не ги знаат нивните намери", рекол психологот Дарио Тофоли од Рим.
Минатата година во рамките на горенаведената програма биле примени повеќе од 130.000 доселеници.
"Ние едноставно немаме избор, бидејќи бегаме од пеколот", вели Абит. "Се надеваме дека во некоја Европска земја ќе најдеме работа и мир".