„Некои од овие луѓе престојуваат кратко во собите, додека за други тие малечки коцки стануваат трајни живеалишта. За мене е инспиративно да се направат овие портрети со цел да покажам како секој станар малиот простор го направил корисен. Секоја соба говори за карактеристиките на личноста која живее во неа, како и за способноста да се биде функционален во таква мала и чудна средина“, вели Ким.
Всушност, станува збор за соби во хотел во кој престојувал и самиот фотограф. Целиот хотел е лоциран на еден кат во зграда во североисточно Токио.