На сред Копа Америка: Артуро Видал пијан го уништил своето Ферари!

Еден од најдобрите чилеански фудбалери и играч на Јувентус, Артуро Видал, вчера направил сообраќајна несреќа, но за среќа, тој и неговата сопруга која била со него во автомобилот, минале без сериозни повреди.


Под дејство на алкохол, Видал на јужниот влез во Сантиjаго свртел од автопатот и го уништил своето скапоцено Ферари.


По доаѓањето на полицијата било утврдено дека Видал бил под дејство на алкохол. Тој бил приведен, а денес мора да се појави на сослушување во судница.


Сепак, играчот снимил и видео порака, во која вели дека сè е во ред.

"За жал, доживеав сообраќајна несреќа. За среќа, сите ме сме живи и здрави, ви благодарам на поддршката".


Ќе биде интересно да видиме дали Видал ќе биде дел од репрезентацијата на Чиле, која на 20-ти јуни ќе игра против Боливија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О