Иако тенкови и тешка артилерија на американската војска и северноатланската алијанса наскоро ќе бидат донесени во Талин, сеопштата "проамериканска атмосфера" во државата ја расипува еден град на брегот на реката Нарва, по која го добил името.
Главното обележје на Нарва е замокот Ивангород од 12-от век, кој гледа кон споменатата река. Тоа што Нарва ја издвојува од останатите делови на Естонија, е тоа што жителите на овој град се Руси!
Руските програми се гледаат секој ден, рестораните служат руска храна, а во градот гордо стои статуа на Владимир Илич Ленин. Денот на победата над фашизмот, секој 9-ти мај го слават со цвеќе, советски и руски знамиња.
Имало и по некое обележје од самопрогласената република Доњецк, со оглед на тоа дека Нарва и Доњецк се братски градови. Сепак, меѓу сите тие знамиња ниедно не е со сино-бела боја.
"Ние имаме своја традиција, и свои знамиња. Иако сме територијален дел од Естонија, нашата душа припаѓа во Русија и СССР. На естонската влада и текнува на нас два дена пред избори", рекол еден од жителите.
Естонија се откажала од комунизмот и Русија во 1991-та година, но нејзините жители очигледно не се откажани, со оглед на тоа дека секое четврто лице во оваа земја има руско потекло.
Сепак, многу од нив немаат исти граѓански права како и Естонците. Тука пред сè се мисли на можноста за излез на избори. Доколку естонската влада дозволи 25 проценти од жителите да излезат на парламентарни и претседателски избори, тешко дека американските тенкови би биле на пат на кон Талин.
Нарва денес не е идеално место за Русите, што се гледа по студениот однос на владата на Естонија кон овој град. Фабриките се затворени, отворањето на работни места е во доменот на научна фантастика, а заработувачките во Нарва се речиси 50 проценти помали отколку во остатокот од државата.
Доколку прошетате низ Нарва и прашате некој кој е негов претседател, ќе го слушнете името - Владимир Путин.