Како да се одбере идеална комбинација за одење на кафе со пријателките или ќерката, ни покажа Синди Крафорд при нејзината прошетка во Малибу со својата ќерка.
49-годишната позната манекенка и бизнис жена облекла опуштена бела блуза и кратки пантолони. За гламурозниот ефект биле заслужни шик очилата за сонце и бујната и сјајна коса.
Одличната линија на манекенката не ја засенил ниту целулитот на нозете, туку покажал дека тој не е никаква препрека за оставање на одличен впечаток.
Не се обидела да ги издолжи нозете со неудобни високи потпетици, туку облекла сандали кои прилегаат и на стилот и на завршување на обврските со ќерката тинејџерка.
13-годишната Каиа тргнала по стапките на својата славна мајка и веќе се појавила на насловната страница од „Teen Vogue”, како и во кампања за Версаче.