Погледнете: Џиновска дупка "голта" езеро во Тексас

Огромниот вртлог се појавил во езерото Тексома во Тексас, голтајќи ја водата од него како во када, пишува Business Insider.

Американското Друштво на инженери во дистриктот Тулса, на ЈуТјуб поставило снимка од вртлог, наведувајќи дека дупката има дијаметар од 2,5 метри и дека е способно да голтне помал брод.


Објаснувањето, сепак, е едноставно - на дното има дупка која ја голта водата од езерото.

Ова езеро е еден од најголемите извори на вода во САД, наведува Business Insider. Се наоѓа на границата меѓу Оклахома и Тексас и формирано е од водата од браната Денисон на реката Ред.

"Кога нивото на водата расте, како што се случи оваа седмица, Друштвото на инженери ги отвора устите на дното на езерото за да ја извлече водата во реката. Водата почнува да се движи како торнадо, кое е најшироко на врвот, а најтенко на дното", навел Би Џеј Парки, асистент менаџер во Друштвото за езерото Тексома.

Целото подрачје моментално е забрането за бродови и чамци.

"Големината на вртлогот зависи од многу фактори, меѓутоа иако се наведува дека дупката има дијаметар од 2,5 метри, сега веројатно е широка околу еден метар", истакнал Парки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О