Џенифер Анистон со продуцентот и актер Џастин Терокс е во врска од 2011-та година. Тие се запознаа на снимањето на „Wanderlust“ и се верија во 2012-та година, но сè уште немаат официјално стапено во брак.
Оваа славна двојка редовно привлекува внимание на официјалните настани и важи за пар чиј моден стил се надополнува. Во галеријата има доволен број примери што го потврдуваат тоа.