Спотот ќе има две верзии, една на македонски и една на српски јазик, меѓутоа она што навистина ќе ве натера да го погледнете овој видеоспот се трите убавици кои се појавуваат покрај Елена.
Во спотот покрај Ристеска се појавува и познатата српска водителка Катарина Шишмановиќ која во регионот е позната по емсијата „Све за љубов“, која веќе неколку години се емитува и на нашите простори. Покрај Шишмановиќ, во спотот ќе ја видиме и една од најатрактивните водителки од Македонија, Марјана Станојковска, но и познатата манекенка Ана Коцева.
Инаку спотот се снимаше во хотел „Русија“ и тоа под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“. Инаку спотот се снимаше во хотел „Русија“ и тоа под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“.
За потребите на снимањето беа користени креации на познатата дизајнерка Мила Кадриу и „Ексклузив Дизајн“, но помогнаа и „Fashion Group“, „Баргала“ и „Хисар туризам.За шминката и фризурата беа задолжени вештите раце на стилистот Даниел Николовски и Ивана Атанасовска.
За неколку дена се очекува и официјална промоција на видеоспотот во Македонија, но и Србија. Дотогаш уживајте во прекрасните фотографии од снимањето.