Lareda Resort (Кариби)
Lareda Resort се наоѓа на карибскиот остров Св. Лусија и нуди престој и услуга од пет ѕвездички. Две од најлуксузните вили во одморалиштето секогаш се слободни во случај некоја позната личност да посака да престојува во нив. Една вечер во ваква вила чини 2.200 долари плус 20% данок и услуга. Вилите се конструирани од тропско дрво, камен и цигли и имаат поглед кон вулканите Питон - заштитени од УНЕСКО. Секоја вила има свој батлер и приватен базен. Како активности што ги нуди ова одморалиште се надведуваат рагзледување на плантажите со кокос, јавање коњи, искачување на планина, истражување на дождовните шуми и друго.
Хотелот Crockfords Tower (Сингапур)
Лоциран на островот Сентоса, овој хотел буквално е резервиран за екстра-богатите гости на кои им треба покана за да престојуваат дури и само една вечер во хотелот. Иако овој концепт нас ни изгледа чуден, повеќе хотели го практикуваат ова и ги чуваат нивните имоти за милијардери, холивудски актери и други гости со големо богатство или статус во општеството. Овој хотел нуди 24-часовна собна услуга, вински визби во секоја соба и приватни вечери за гостите. Секој од апартманите има свој базен и капацитет за до осум лица, а оние на повисокото земјиште нудат и неверојатен панорамски поглед. Една вечер во делукс вилите чини 8.000 фунти.
Laucala Island Resort (Фиџи)
Доколку не се поканети, гостите во ова одморалиште треба да аплицираат и да добијат одобрение за престој во ова рајско место во Фиџи. Минимален период за престој е четири ноќи, а цената е 44.000 долари од една вечер. Најубавата од овие вили се наоѓа на рид на островот Лукана и е во сопственост на ко-основачот на Red Bull, Дитрих Мејтшиц. Кога тој не престојува тука, имотот со шест спални соби се изнајмува на гостите. Вилата доаѓа со шофер, дадилка, приватен готвач, мини аеродром и прекрасен поглед на островот и морето. Ова е најубавиот имот од 20-те луксузни вили што се дел од ова одморалиште. А за рекреација, гостите може да одберат користење на голф терените, прошетки по островот и водопадите, нуркање, јавање на коњи или негување во спа центарот.