Во шок и неверување се туристите кои безгрижно се одмораа на плажата, а потоа настанува општа паника во која секој се обидува да се спаси како што знае и умее.
Како што јавија повеќе светски агенции, терористите на плажата пристигнале со глисер, од каде брзо се симнале, по што го почнале својот крвав повод низ плажата во Сус и низ блиските хотели.
Eдниот од двајцата терористи кои вчера убија 37 невини луѓе, а ранија уште 36, на плажа во Тунис, бил снимен со камера како со автоматска пушка АК-47 "Калашников" во раката, шетал по улиците на Сус, популарен туристички град, по нападот на плажата.
Се верува дека убиецот е 23-годишниот Сејфедин Јакуби, студент по авијација во тунискиот град Каироуан.
Насилствата се случуваат само неколку дена по објавувањето на повикот на Исламската држава до своите следбеници „да го направат Рамазан месец на масакри“ и да застанат против „неверниците“.
Насилствата се случуваат само неколку дена по објавувањето на повикот на Исламската држава до своите следбеници „да го направат Рамазан месец на масакри“ и да застанат против „неверниците“.