Тој посакал да стане ѕвезда на Јутјуб, па почнал да прави видеоснимки во кои на минувачи на улица им нуди големи суми само за да се понижат пред камера.
Во снимката, тој им нудел на мажите да ја испијат својата сопствена урина за 200 евра, а на девојките им ветил 250 евра ако се соблечат среде улица. Во снимката двајца луѓе направиле една од тие две работи.
Григори во една прилика не поминал најдобро – еден Русин кој го разбеснил, му удрил шлаканица. А во една прилика на бездомници им дал да пробаат кавијар, само за да се забавува со нивната реакција.
Без оглед на негативните коментари, тој најавил и нова видеоснимка во која на луѓето ќе им даде 10.000 рубљи (164 евра) ако му го излижат ѓонот од чизмите.
Тој реагирал и на критиките, велејќи дека не му е јасно зошто луѓето се згрозуваат „кога такви работи можат да се видат секој ден на „Ем-ти-ви”.