И тоа благодарение на нивните совршени тела!
Девин Бругман
Девин ги обожува кoстимите за капење, а оние кои што го посетиле нејзиниот Instagram профил веројатно и се увериле во тоа. Нејзината љубов кон облеката за плажа е толку голема што таа со својата најдобра пријателка Наташа Оукли го започна блогот "Bikini a Day", на кој ги пласираат своите летни предлози. Девин е исклучително згодна и убава, а кон нејзината убавина придонесува и нејзиното необично потекло. Девин има германски, филипински, шпански, англиски и ирски корени. Покрај тоа што заработуваат многу од овој нивен проект и од работата како модели, и двете обожаваат да позираат за папараците на плажите и постојано да објавуваат фотографии од различни локации во светот.
Џена Јамамото
Џена е професионален фотограф, но одлично се снаоѓа и пред објективот. Џена е родена на Хаваите, а живее и работи во Лос Анџелес. Нејзина најголема страст се патувањата, па на нејзиниот Instagram профил може да се пронајдат бројни фотографии од различни егзотични плажи ширум светот. Токму тие фотографии се причина поради која што Џена ужива толку големо внимание. Но не само поради фантастичните пејзажи, туку и нејзиното фантастично тело.
Аманда Ли Пејџ
Аманда е професионален модел, па на нејзиниот Instagram профил може да пронајдете многу фотографии од снимањата, кои се главно за во костими за капење. Аманда е дел од модната агенција Nеxt и доаѓа од Хаваите. Нејзината егзотична убавина и совршеното тело ѝ ги отворија вратите за соработка со многу модни куќи, специјализирани токму за костими за капење, а модните агенти ѝ предвидуваат навистина голема кариера.
Хана Фергусон
Хана е можеби и најпознато име од оваа листа. Нејзиното тело ја красеше насловната страница на познатиот магазин Sports Illustrated. Оваа девојка од Тексас има 23 години а во текот на досегашната кариера најчесто рекламирала костими за капење, а кон почетокот на оваа година стана заштитно лице и на познатиот бренд за долна облека Triumph. Доволен е само еден поглед на нејзиниот Instagram профил за да сфатите зошто е тоа така.
Беатрис Фернандез
Беатрис е професионален модел и е дел од модната агенција Next. Висока е 175 сантиметри, а нејзините пропорции се речиси совршени, 81-59-89, а фотографиите кои што таа ги објавува речиси секој ден и го докажуваат тоа.
Хилари Круз
Ова е уште една убавица која што привлекува големо внимание на Instagram мрежата. Нејзиното име е Хиларија Круз и таа како и Хана се фотографираше за популарниот магазин Sports Illustrated. Хилари има 26 години, а кариерата ја започна со освојувањето на титулата Miss Teen USA во 2007-мата година. Покрај со манекенството, таа се занимава и со актерство, но досега немала некои поголеми остварувања.