Како се покажа новата Škoda Superb на креш тестот?
Новиот врвен претставник на Škoda, лимузината Superb помина со одлични резултати на Euro NCAP креш тестот и заработи 5 ѕвездички за безбедноста на патниците, заштитата на пешаците и системите за безбедност.
Резултатот го постигна со 9-те воздушни перничиња, покрутата каросерија и оптимизираните зони за апсорбирање на ударот.
Погледнете го видеото од сите креш тестови спроведени на автомобилот.