Што прават денес децата на претседателите на САД?

Децата на претседателите на САД се во центарот на вниманието на јавноста речиси колку и нивните родители. Тие ги диктираат модните трендови, се појавуваат во име на своите родители во амбасадите низ светот и понекогаш се домаќини на прославите во Белата куќа.


Но, кога семејството ќе ја исели куќата на Авенијата Пенсилванија 1600, вниманието го добиваат децата на наредниот претседател.

Што прават децата на поранешните американски претседатели денес?

Челзи Клинтон, ќерка на Бил и Хилари Клинтон
Заменик претседател на Клинтон Фондацијата


„Крушката не паднала далеку од крушата“ кога станува збор за Челзи Клинтон. Додека нејзината мајка го посветува своето време на претседателската кампања, Челзи ја заменува во семејната фондација, занимавајќи се со глобалното здравје и проблемот на САД со дебелеењето кај децата. Претходно Челзи, која има дипломирано на Стенфорд, работела како специјален дописник за NBC News.

Таа е и мајка на малата Шарлот, која ја доби минатото лето со сопругот Марк Мезвински. Има 35 години.



Керолајн Кенеди, ќерка на Џон и Џеки Кенеди
Амбасадор на САД во Јапонија


После цел живот проучување на дипломатските односи и искуство од прва рака со политиката, Керолајн Кенеди ја доби совршената работа за неа – амбасадор на САД во Јапонија. Но, беше дел од контроверзна дебата на Твитер, кога јавно го обвини јапонскиот народ за годишниот лов на делфини, кој е традиција во Јапонија.

Поранешната адвокатка, која моментално има 57 години, исто така служи и како претседател на Библиотеката на Џон Фицџералд Кенеди, и има напишано 9 бестселери за уставно право, американска историја и поезија. Како и нејзиниот татко, таа е голем поборник за слободна трговија и ги охрабрува Демократите да го прифатат истиот пристап за доброто на Американско-азиските врски.



Линда Бирд Џонсон Роб, ќерка на Линдон и Лејди Бирд Џонсон
Поборник за еднакви права на жените и малцинствата


На 71-годишна возраст, поранешната прва дама на Вирџинија, Линда Бирд Џонсон Роб е најстарото дете на поранешен претседател на САД. Во 70-тите била претседател на Одборот за советување на претседателот за правата на жените, за време на мандатот на Џими Картер.

Роб, чиј татко ги потпиша Законот за граѓански права во 1964 година и Законот за право на гласање во 1965 година, одржа говор на 50-тата годишна церемонија на Маршот на Вашингтон и присуствуваше на банкетот за сеќавање на 50-годишнината од „Крвавата недела“, нападот во Селма, Алабама. Таа отворено признава дека е за легализација на истополовите бракови и верува дека и нејзиниот татко би го делел овој став да беше жив.



Џена Буш Хејгер, ќерка на Џорџ В. и Лора Буш
Дописник за Today Show на телевизијата NBC


Една од ќерките-близначки на семејството Буш, Џена Буш Хејгер е дописник за NBC и допринесувач за NBC Nightly News. Таа е и член на одборот на организацијата на UNICEF, Next Generation.

Има 33 години и е бремена со втората ќерка, која треба да се роди кон крајот на летото.



Мајкл Реган, син на Роналд Реган и Џејн Вајман
Успешен радио водител


Мајкл Реган е посвоен од актерот/претседател и неговата прва сопруга, Џејн Вајман, само 3 години пред парот да се разведе. Тој е последниот жив наследник од овој брак на Реган.

Има 70 години и е голем ентузијаст на трките со глисери. Ја започнал својата кариера во продажба на компанија за авијација и аеронаутичка опрема, а подоцна тргнал по стапките на татко му во Холивуд. Конечно го пронашол својот повик како водител на политичко радио ток-шоу, кое го води веќе 26 години. Има напишано и неколку мемоари и редовно пишува за Бакстер билтенот и други весници.



Саша Обама, ќерка на Барак и Мишел Обама
Само што наполни 14 години


Иако не е популарна како постарата сестра, Саша Обама е миленичка на модните блогери, кои го следат секој нејзин чекор. Таа е моментално на турнеја со мајка си и сестра си низ Европа, ширејќи ја Let Girls Learn иницијативата.

После летниот одмор, помладата ќерка на претседателот на САД ќе се врати во приватното училиште кое го посетува. Таа настапува со танцова група чиј репертоар вклучува балет, модерен танц, џез, хип хоп и Афро-азиска фузија.



Триша Никсон Кокс, ќерка на Ричард и Пет Никсон
Живее мирен живот со своето семејство на Менхетн


Триша Никсон Кокс, која има 69 години, го следеше својот татко на многу службени патувања и кампањски митинзи за време на неговиот мандат, но се тргна од видикот на јавноста и политичкиот свет уште откога се омажи пред 40 години.

Долгогодишната мајка и домаќинка е дел од одборот на Ричард Никсон фондацијата и остана омажена за Едвард Кокс, за кого се омажи на првата свадба одржана во Белата куќа во 1971 година.



Џорџ В. Буш, син на Џорџ Буш постариот и Барбара Буш
Беше претседател на САД од 2001 до 2009 година


Тој не е првото дете на поранешен претседател кој и самиот станал претседател, а веројатно не е ни последното. Но, неговото претседателство е секако она по што е најпознат низ светот.

Како и својот татко, и неговиот татко пред тоа, Џорџ В. Буш ја започна својата кариера во нафтената индустрија. Денес овој 69-годишен поранешен претседател ужива во пензионерските денови како дедо и уметник.



Малиа Обама, ќерка на Барак и Мишел Обама
Модна икона и верна придружничка на мајка си


Таа не е истото 11-годишно девојче кое светот го запозна кога нејзиниот татко беше за прв пат избран за претседател на САД. Таа е сега модна икона, и ги следи мајка си и сестра си на турнејата низ Европа. Постојано е на насловните страници на модните магазини.

Таа наполни 17 години на најпатриотскиот ден во годината за Америка: 4-ти јули, Денот на независноста.



Барбара Пирс Буш, ќерка на Џорџ В. и Лора Буш
Претседател на интернационална непрофитна огранизација за здравствено осигурување


Барбара Пирс Буш допломирала на Јејл на општествено-хуманистички науки, и во текот на следните 5 години станала ко-основач на организацијата Global Health Corps, непрофитна организација кога регрутира млади професионалци кои се борат за подобар пристап до здравствено осигурување низ светот.

Како претседател на организацијата, 33-годишната Барбара го поминува најголемиот дел од времето држејќи говори на глобални конференции во име на организацијата, наоѓајќи донатори и фондации кои ќе ја спонзорираат нејзината кауза.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О