Марта има 33 години и се занимава со манекенство. Вниманието на светските медиуми го привлекла поради своето момче, тенисерот Дастин Браун. Ги споила токму љубовта кон тенисот. Марта и Дастин се запознале во тениски камп, каде заедно тренирале.
Иако никогаш не се занимавала со тенис професионално, љубовта кон овој спорт останала, па така денес таа е чест посетител на најголемите турнири во светот. Сега има и причина повеќе, а дека нивната љубов е сè посилна, покажуваат и зборовите за поддршка на социјалните мрежи.
Пред врската со Дастин, Марта била во брак со Џонатан Шапер. Од тој брак, манекенката има 12-годишна ќерка.
Инаку, покрај тенисот, Марта била заљубена и во науката, а доказ за тоа е дипломата по биологија.