Swimsuits For All ги здружи силите со моделот Денис Бидо и претстави колекција костими за капење за жени со облини. Целта е да се охрабрат сите жени и тоа преку кампања која се промовира преку хаштагот #NotSorry, со тоа што се објавени необработени фотографии и видео од снимањето на фотосесијата.
Брендот Swimsuits For All веќе неколку сезони претставува колекции костими за капење за полнички жени.
„Ние веруваме дека секое женско тело е прекрасно и дека секоја жена заслужува да изгледа и да се чувствува добро во костим за капење“ – велат од брендот.