Двајца од повредените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а еден во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, кој на пат кон Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила во 18 часот и 20 минути при судир на две возила со струшки и кичевски регистарски ознаки.
На местото на настанот увид изврши Јавен обвинител, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата. Охридската полиција најави подетални информации.