Луксузни вили, автомобили и авиони: Еве во што се состојат милијардите на Доналд Трамп

За да докаже дека неговото богатство вреди речиси двојно повеќе од 4-те милијарди проценети од Forbes, републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, неодамна објави личен финансиски извештај долг 92 страници до Федералната изборна комисија. Извештајот, во кој Трамп тврди дека има повеќе од 10 милијарди долари – беше објавен јавно.

Сепак, едно нешто е сигурно: без оглед на тоа колку милијарди има Трамп, дефинитивно знае како да ги троши.


Освен што е сопственик на една од најскапите станбени згради во светот, Trump Tower, тој е сопственик и на портфолио на куќи од Менхетн до Палм Бич, од кои сите се „потопени“ во злато.

Куќи, авиони, авотмобили, вили... Еве што сé поседува Доналд Трамп.

Кулата Трамп на Петтата авенија во Њујорк е местото кое Доналд го нарекува дом најголем дел од времето. Ова е 68-катен облакодер. Трамп живее во апартманот најгоре.



Неговиот луксузен апартман има врата покриена со злато и дијаманти, внатрешна фонтана, таван покриен со фрески и ориентални канделабри.



Кога му станува досадно во неговиот дом во Њујорк, „скокнува“ на неговиот Боинг 757 вреден 100 милиони долари, и лета до некоја од своите огромни хациенди.



Појасите на седиштата во приватниот авион, нормално, се облиени со злато.



Овде Трамп одмора додека лета со својот приватен џет. На перницата е извезен семејниот грб.



Кога не лета, Трамп патува по копно со еден од неговите луксузни автомобили, кои ги има во изобилство. Тој е долгогодишен љубител и корисник на Ролс Ројс, а освен повеќето автомобили од овој бренд, има и Lamborghini Diablo од 1997 и Mercedes-Benz SLR McLaren од 2005.



Во 1985 година, Трумп ја купи Mar-a-Lago хациендата во Палм Бич за 10 милиони долари, и ја претвори во приватен клуб. Овој луксузен клуб на богаташи се протега на 17 ари, на локација каде земјиштето е најскапо во Флорида.



Хациендата била изградена во 1924 од наследничката Марџори Мериведер Пост. Трамп живеел таму 10 години, пред да го претвори раскошниот имот во приватен клуб.



Има неверојатни 58 спални соби, 12 камини и 3 засолништа од бомби.



Во 1995 година, Трамп ја збогати својата листа на недвижнини со 213-арско земјиште во Бедфорд, Њујорк, наречено Seven Springs. Хациендата од 3623 квадратни метри која е изградена овде служи како дом во предградието за него, неговата сопруга Меланија и синот Барон.



Според проценките, Трамп платил 7,5 милиони долари за земјиштето. Оригинално планирал да го искористи за голф терен, но на тоа се противеле локалните жители кои се загрижиле за блиското езеро кое би било загрозено од неговата градба.



Трамп имал посебно барање до тимот на Orange County Choppers: да го украсат неговиот уникатен модел на моторцикл со 24-каратно злато и „елитни уникатни делови“.



Во 2011, Трамп го купил последното парче земја на банкротираната Патриша Клуџ во Шарлотсвил, Вирџинија. Платил 6,5 милиони долари за хациенда голема 2136 метри квадратни, откако претходно ги набавил и винските плантажи и винеријата за 6,2 милиони.



Пред рецесијата, винските полиња вределе 70 милиони. Трамп го купил земјиштето за многу помала цена.



Имотот има вкупно 45 соби, кино, коњска штала, зелена куќа и гостинска колиба.



Винаријата и целото земјиште, кое е второ по големина во Вирџинија, ги подарил или продал на својот син Ерик. Интересен факт е што Трамп не пие никаков вид на алкохол.



Оваа година, Трамп направи вистински „make over“ на својот Сикорски С-76 хеликоптер. Потрошил околу 750.000 долари на новиот дизајн, во кој секако има вклучено и 24-каратно злато на перките.



Трамп порано бил сопственик и на втора хациенда во Палм Бич, но ја продал на рускиот тајкун Димитри Рибовлев во 2008.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О