Во ова ретко видео, снимено во источниот дел на Северна Америка, снимањето на диви зајачиња во дворот на едно семејство се претворило во документирање на ретка жестока битка на зајачица со црна змија. Змијата, која изела две мали зајачиња, тргнала по третото, и мајката решила да ѝ се одмазди и да го одбрани последното свое дете.
Многу новородени зајачиња се убиени од змии во нивните живеалишта, поради што често заминуваат од таму за 10-12 дена, и покрај тоа што продолжуваат да цицаат од мајката уште неколку недели. Мајките зајачици, како и сите други животни родители, се агресивно заштитнички кон нивните потомци кои не знаат како да се одбранат.