Преубавата Роузи Ханингтон-Вајтли е една од оние дами кои не можеле да одолеат на утринско селфи.
Познатата старлета Ким Кардашијан ретко ја гледаме без шминка.
Но и таа направила едно селфи во бањата, облечена само во пешкир и нема ни трошка шминка. Тоа за старлетата е ретка појава, затоа што таа е една од оние кои никогаш никој нема да ги види без шминка.
Разликата измеѓу нашминканата и средената Ким и оваа, која позира сама во бањата е голема. Тенот навистина и` е совршен, како и веѓите, но тука се темните кругови под очите кои ја издаваат.
Бразилската убавица Адриана Лима често позира после тешкиот тренинг по бокс и тоа без грам шминка. Во прв план паѓаат нејзините крупни очи и светол тен.
Иако овој ангел на Victoria’s Secret важи за една од најубавите и најгламурозни девојки, Адриана воопшто нема проблем со објавување на фотографии на кои е без шминка.
На „кланот“ селфи фотографии без шминка му се приклучила и Кајли Џенер .
Покрај тоа што често ја менува бојата на косата, помладата сестра на Ким исто така објавила селфи без шминка. Вака изгледа како 17-годишна девојка, нели?
Пред само еден месец, поради селфито без шминка на Тајра Бенкс, интернетот „експлодираше“.
Навикнавме да ја гледаме во гламурозни изданија, но ете таа пријатно не` изненади и објави „природна“ слика од неа. Интересно е тоа што Тајра има своја козметичка линија, но сепак се одважила на овој храбар потег.
Пејачката Деми Ловато порано верувала дека изгледа најдобро кога е на црвениот тепих, но неодамна го променила мислењето.
Сега смета дека има најголема самодоверба кога не носи ни трошка шминка, пренесуваат светските медиуми.