Според најновите информации од вработени во Foxconn фабриката која стои зад изработка на iPhone 6s се прогнозира дека новите смартфони на Apple ќе бидат најавени на 11 септември, а една недела подоцна на 18-ти ќе бидат достапни за онлајн нарачка, бидејќи производството оди според планираното и навреме ќе бидат произведени сите едници за веднаш да се одговори на побарувачката. Apple со претходните модели на iPhone 6 беше пријатно изненаден од рекордната побарувачка, па мораше да ангажира дополнителна работна сила за да се одговори навреме на сите порачки.