Тестот направен во Стенис спејс центарот во Мисисипи е вкупно шестиот од седумте проби на главниот супер-мотор на ракетата. Во неа ќе се вградуваат вкупно 4 мотори.
„Ова е најкомпликуваниот мотор за ракета на светот и затоа можеме да го наречеме Ferrari меѓу ракетните мотори“ - изјави инженерката Кетлин Кроув.
Предвидувањата се дека моторот ќе му овозможи на вселенското летало Орион да поминува и до 36.500 километри на час благодарение на неверојатните 12 милиони коњски сили.