5 работи кои ги знаеме за Galaxy Note 5!

За само неколку дена, очекуваме да биде презентиран новиот Galaxy Note 5 на Unpacked настанот организиран од Samsung. Еве што досега знаеме...



1. Нема да добиеме Note Edge модел

За разлика од лани, Samsung најверојатно ќе ги промени работите и Edge моделот со заоблен екран од едната страна ќе биде елиминиран. Наместо него, ќе видиме Galaxy S6 Edge Plus со 5,5 инчен QuadHD екран на допир.



2. Нема да има MicroSD слот и батерија која самите ќе ја менуваме
Иако е тешко да прифатиме, новиот модел во стилот на Galaxy S6 нема да ни ги нуди овие работи...


3.Ќе добиеме редизајниран стајлус?

Една од главните карактеристики на Galaxy Note серијата е стајлусот, кој овојпат ќе може да се клика на горниот дел, со цел полесно да излезе од телефонот.


4. Резолуцијата останува иста
Иако се шпекулираше дека Note 5 ќе биде првиот телефон со 4K екран, сепак технологијата сеуште не е развиена до овој степен. Наместо тоа, екранот би бил идентичен од минатата година, со подобрување на боите и контрастите.



5. Exynos 7422 и 4GB RAM
Перформансите не треба да не изненадат - подобрениот процесор и зголемувањето на RAM меморијата е очекувано, а со тоа телефонот ќе биде официјално најмоќниот во светот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О