Антитерористичка акција на МВР: Во Скопје, Струга и Куманово се апсат припадници на ИСИС

Македонската полицијата во моментов спроведува голема антитерористичка акција на повеќе локации во Македонија против припадници на ИСИС во земјава.



Според првичните информации, акцијата е насочена и против лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Во Скопје, Струга и Куманово уапсени се неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и други локации.

Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата акција.

Извор: Сител

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О