Малечкиот Џек имал само два месеца кога неговиот педијатар забележал дека тој страда од краниосиностоза, состојба при која спојниците на коските на черепот предвреме созреваат и мозокот не може да расте во природната форма. Поради тоа доаѓа до деформирање на главата.
Џек морал да помине една операција и да носи шлем за оформување на черепот до својот прв роденден. Па, татко му Џонатан ги зел нештата во свои раце и го претворил монотоното бело помагало во забавен додаток. Како голем љубител на „Star Wars“, Џонатан се инспирирал од популарниот филм за да ги создаде своите цртежи.
„Сметавме дека ќе изгледаат забавно и ќе ги менуваат коментарите на непознатите лица од „Што му се случило на вашето дете?“ во „Леле, колку кул шлем““ – рекол Џонатан.
Џек наполни една година пред 4 дена, па неговиот татко не пропушти да го одбележи крајот на носењето шлем на Instagram.