Алесандра се труди да живее здраво и редовно вежба заедно со својата пријателка Дакота Фенинг. Една од нејзините најголеми желби е да биде актерка токму како татко ѝ и нејзините две сестри.
Алесандра е доказ дека стилот навистина нема големина, а природната убавина има различни форми. Досега Алесандра се има појавено во различни рекламни кампањи и насловни страници на познати списанија како Elle, Glamour, Vogue и е една од најбараните полнички модели.