Видео од акцијата на МВР во Гази Баба

Денешната акција на МВР е насочена кон членови на ИСИС кои учествувале во борбите во Сирија и Ирак, како и оние кои врбувале македонски државјани за да се борат во таа паравојска.



Полицијата во текот на денот треба да излезе со официјални податоци за акцијата, а досега изјава даде портпаролот на МВР, Иво Котевски:

„Лицата првично се товарат за учество во воени формации во странство, а во Македонија кривично дело е учеството во странски војски, паравоени структури во странство“ - изјави Котевски.

Претреси се извршени во Скопје, Струга, Куманово, Тетово и Гостивар.

Погледнете го видеото што го објави YouTube корисникот Мухамед Ајдини од акцијата на МВР на Гази Баба.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О