Што сними роверот Curiosity на Марс?

Оваа фотографија од површината на Црвената планета, објавена од НАСА, предизвика огромно внимание на социјалните мрежи, покренувајќи секакви реакции. Сето тоа е поради необичниот објект забележан на Марс.



Фотографијата е направена во јули од роверот Curiosity и со денови е главна тема на Facebook групата Journey to the Surface of the Mars. Луѓето поставуваат различни мислења и коментари за тоа што може да се види од фотографијата. Некои велат дека е џиновско чудовиште кое ја чува пештерата, други велат дека е џиновски пајак, трети дека е вселенски рак во прашање и слично.



Но, што велат експертите?

Сет Шостак е астроном и директор на Центарот за истражување SETI. Тој вели дека луѓето не треба многу да се возбудуваат за фотографијата.

„Оние кои ми праќаат фотографии се прилично возбудени, тврдат дека нашле нешто што не очекувате да го најдете на правливата површина на Црвената планета. Обично здголедуваат некој вид на животно, но и почудни објекти како делови од автомобили. Можеби затоа што мислат дека има автомобили на Марс“, вели тој.

Според него, човечкиот инстинкт тежнее да гледа форми онаму каде што нема ништо, психолошки феномен познат како пареидолија, пренесува Metro.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О