Galaxy Note 5 е брз - одлични бенчмарк поени

AnTuTu е позната компанија за бенчмарк тестирања на мобилните телефони, која сега објави резултати за брзината на новиот Samsung Galaxy Note 5. Новиот фаблет има 69.702 поени, со што се рангира на првото место од своите роднини - Galaxy S6 со 67,520 поени и Galaxy S6 Edge со 63,910 поени.



Оваа вест не е изненадување имајќи ги во предвид спецификациите на уредот. Тој функционира со octa-core Exynos 7422 процесор, 4GB RAM меморија и 32GB простор за складирање на податоци. Задната камера од 16MP и предната со 5 мегапиксели имаат широко-аголни леќи. Galaxy Note 5 поседува Android 5.1.1 Lollipop, што е најновата верзија на Google софтверот. Единствениот недостаток на петката е недостатокот на променлива батерија, како и неможност за дополнителна меморија со MicroSD картичка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О