Родители, вакцинирајте ги децата!


Македонија е меѓу лидерите во Европа по опфатот на имунизација. Со години наназад се вакцинираат над 95 проценти од населението во земјава.

JK-500
Во најголемиот број Европски земји посебно источна Европа вакцинацијата е задолжителна , а во дел од Европските земји каде не е задолжителна, воведен е систем со кој детете не може да се запише во градинка или училиште доколку ги нема примено потребните вакцини.
И во Македонија се воведуваат казни за родителите кои нема да си го однесат на вакцинирање своето дете.
Доктор Јованка Костовска раководител на секторот за превенција во министерството за здравство, во интервју за zdravstvo 24 објаснува  што е потешко-  да се казни родителот или да се убеди да го вакцинира детето.
- Морам да признаам дека тешко и да се казни родител , но уште потешко и да се убеди да го вакцинира своето дете. Мислам на оние родители кои се цврсто убедени дека нема потреба од вакцинација, дека организмот самостојно ќе се избори против болестите, повеќе веруваат на хомеопатија отколку на класичната медицина и на вакцините. Овие родители се спремни да платат казна , но не прифаќаат вакцинација на децата.Навистина потребно е доста време и труд за објаснување и разубедување на истите за бенефитите од вакцинацијата, но не секогаш се успева. Истите настапуваат со претходни убедувања кои цврсто се вкорениле во нивната потсвест. Но сепак можно е и кај нив позитивна реакција и прифаќање на вакцинацијата. Лично сум имала случаи каде сум разговарала и сум убедувала родители посебно за бенефитите од ХПВ вакцинација и МРП вакцинација и истите ги вакцинираа своите деца. Постои и друга група на родители кои поради обврски или неедуцираност не го запазиле предвидениот термин со покана за вакцинација и не го вакцинирале своето дете, но при повторна опомена веднаш го вакцинираат. Сепак службите за вакцинација не се толку драстични во постапувањата . Исклучиво доколку родителот два пати е поканет, а не го донесе детето на вакцинација или категорично одбива, тогаш поднесуваат пријава до ДСЗИ, а ДСЗИ прекршочна пријава до судските власти. Родителот парично ќе се казни, детето останува невакцинирано и незаштитено, проблемот останува и понатака, вели таа.
Во интервјуто за порталот таа г

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О